За сите албански патриоти
кои жртвувале сé
за албанската национална кауза

П Р Е Д Г О В О Р

Монографијата “Општествено - политичките настани кај Албанците во Македонија 1990-2001” ја опфаќа последната деценија на ХХ век.
Почетоците на монографијата, се од моментот на распаѓањето на Социјалистичка Југославија над чии урнатини биле создадени нови независни држави на Балканот. Македонија, како дел на Социјалистичката Југославија се обидувала да се одвои, осамостои и биде независна држава. Целиот процес на распаѓањето на Социјалистичка Југославија предизвикал голем број возне-мирувачки и страшни настани за сите слободољубиви народи на Балканот, Европа и во светот.
Монографијата, ги опишува општествено-поли-тичките настани кои се одвивале во Македонија од почетокот на политичкиот плурализам, до времето на потпишувањето на албанско-македон-скиот договор, во Охрид, во 2001 г.
Југославија, како држава била формирана при крајот на Првата Светска војна, со Версајскиот Договор. Србија, како сојузник на Силите на Антанта, победници во Првата Светска војна, како награда ги проширила териториите, кои некогаш и припаѓале на Австро-Унгарија. Пред Балканските војни, Србија опфаќаше мала територија, помеѓу реките: Сава, Дунав и Дрина. Балканските војни во 1912-1913 год., на Србија и овозможиле проши-рување кон југ, окупирајќи го Косово и сегашна Македонија. По поразот на Германија и Австро-Унгарија во Првата Светска војна, на Србија и овозможиле уште поголемо територијално проши-рување, на север кон реката Дунав и преку реката Дрина, во Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. Значи, пред Балкан-ските војни и Првата Светска војна, Србија не се простираше во Косово, Македонија, Црна Гора и Војводина. Сојузништвото на Србија со побендичките сили и англо – француско - руските тенденции за ослабување на нивниот противник, во Средна Европа, Аустро-Унгарија, и даде можност на Србија да се прошири територијално, на несрпски простори. На овие простори Силите на Антанта создале нова држава, Кралство на Србите, Хрватите и Словен-ците, или како што подоцна се викала Југословенско Кралство. Значи, Кралството СХС, фактички беше територијално проширување на Србија, како договор на големите сили на Антанта. Поголемото географско подрачје на Кралството СХС, имало многу мал број на српско население, поради тоа новиот режим, доминиран од Србите, воден од нивниот крал, се обидувал преку процесот на колонизација и иселување, да ги србизира несрпските територии. Но, кога во 1941 год. Кралството на Југославија била нападната од фашис-тичките сили, таа многу брзо капитулирала, бидејќи никој не сакал да ја брани од фашистичкиот напад.
Југословенските комунисти, за време на Втората Светска војна, се залагаа за ослободувањето на Југославија од фашизмот и зедоа обврска дека Нова Југославија ќе ги корегира поранешните грешки, врз основа на “самоопре-делувањето на народите”. Социјалистичка Југославија, корегираше некои грешки во корист на словенските народи, но не го корегираше прашањето на несловенските народи. Југословенските комунисти и покрај идејната платформа, го негираа принципот на самоопределување и националната рамноправност, која ја прокламираа за време на Антифашистичката војна. Тие не само што ја негираа волјата на албанскиот народ во Косово, изразен со Бујанската Конференција, за обединување со Албанија, спротивно на оваа волја под воен притисок го принудиле Косово да се припои кон Србија, а другите албански простори ги поделиле Црна Гора и Македонија. Вака Југословенските комунисти не само што не ги признаваа правата на албанскиот народ за самоопределување и спојување кон Албанија, туку ја распарчија албанската национална целина во Социјалистичка Југославија.
Политиката на национално угнетување и ограничување на албанските демократски права, во Југославија, се претворило во еден програм на српскиот национализам, за запоседнување на нејзиниот режим на територијата на целата земја. Српските, црногорските и македонските национал-шовинисти, перманентно ги држеа на нишан Албанците, кои според дневната политика речиси секогаш беа виновни. При крајот на Втората Светска војна, Албанците биле обвинети дека се соработници на фашистичкиот окупатор, додека по 1981 год. биле сметани и како “контрареволуционерни”.
Распаѓање на Социјалистичката Југославија, беше еден неопходен процес, бидејќи таа не беше творба на слободно обединување на нејзините конститувни народи и како таква перманентно го имала потенцијалот за природно распаѓање. Демагошката пропаганда на Југословенските комунисти за братсво и единство на народите го овозможило постоењето на оваа држава, додека бил жив Ј. Б. Тито. По смрта на Тито излезе на сцена српскиот распуштен нацио-нализам, под водство на националистичките кругови, на чело со Слободан Милошевиќ, со што беше забрзан процесот на распаѓање на Социјалистичка Југославија. Српските националисти беа ангажирани за уривање на федералниот систем и враќање на унитарниот концепт и тоа концептот на српската хегемонија, кој доминирал помеѓу двете светски војни. Првиот чин на распаѓањето на Социјалистичката Југославија започнал кога на Косово и Војводина, кои беа конститутивни единици на Југословенската федерација, им се грабна автономијата, со што тие станаа админис-тративни регионални единици на Србија. Низ целиот овој период, хрватско - словенските политички кругови тактизираа врз грбот на Косово и Албанците, задо-волувајќи ги апетитите на српскиот национализам. Меѓутоа, нивната тактика се покажа погрешна, бидејќи српските националистички кругови по воспоставување на обединета Србија не застанаа само на ова, тие со сета нивна ароганција им се нафрлиле на Словенија, Хрватска и Босна.
За време на процесот на распаѓање на Соција-листичка Југославија, Македонија како нејзина консти-тутивна единица се залагаше за осамостојување и создавање независна држава. Но, македонскиот поли-тички фактор не сакаше да го дели суверенитетот на државата со албанскиот народ, кој со векови живееше во своите етнички огништа. Тие се залагаа, концептот на македонската национална држава да му се наметне и на албанскиот народ, кој живееше во Македонија. Ваквото залагање, перманентно се судрило со албанскиот политички фактор, со што чекор по чекор дојде до рециклирање на контролирани кризи, кои во 2001 год. избиле во еден вооружен конфликт.
Монографијата Општествено - политичките настани кај Албанците во Македонија 1990-2001 опфаќа четири поглавја:
Првото поглавје, прикажува јасна слика за поче-тоците на новите процеси во Македонија, во услови на распаѓање на Социјалистичка Југославија, со кои процеси се формирале многу политички партии, некои од нив беа легитимирани на првите парламентарни избори како релевантни политички сили; во продолжение, се одразу-ваат залагањата за создавање независна држава Македо-нија, преку Декларацијата за суверена држава и Референдумот на 8 септември 1991 год.; усвојувањето на Уставот на новата држава и залагања за меѓународно признавање. Во овој момент, албанскиот политички фактор се наоѓал во несигурна положба, од едната страна како причина на слабост и внатрешните контардикции и од друга страна како резултат на околностите на другите простори на Социјалистичка Југославија.
Референдумот на 8 септември и усвојувањето на Уставот на 17 Ноември 1991 год, забележуваа враќање (стагнирање) на многу започнати процеси (Уставот од 1974 г.). Овие настани предизвикувале остри внатрешни контрадикции кај албанскиот политички фактор, затоа еден дел се изјасни за самостоен Референдум на Албанците за територи-јално-политичка автономија, во Македонија.
Второто поглавје, ги опфаќа општествено -политичките збиднувања во Македонија, помеѓу 1994-1997 год. Почнува со вонредниот попис на населението во Македонија; излегување на сцена на новите албански политички сили, кои решително се спротивија на концептот за македонска национална држава; општинските избори во 1996 год, со што рефор-мистичкиот курс на албанскиот политички субјект, победил кај градските урбани општини со многубројно албанско население; процесот на соединување на албанските политички сили, јулските настани 1997 год.
Покрај политичките збиднувања, во 1994 год, беше основан Тетовскиот Универзитет, како највисока наставна институција, на Албански јазик. Ова инсти-туција беше основана како потреба на времето, поради тоа што од 1991 год. беа отежнати условите за студирање на Албански јазик, на Приштинскиот Универзитет.
Третото поглавје, почнува со третите парла-ментарни избори во 1998 год. и тесното соработување на албанскиот политички фактор, за време на изборите; создавање Влада од партиите на реформскиот курс; развојот на настаните во Македонија за време на Ослободителната Војна во Косово и улогата на албанскиот политички фактор во Македонија врз менаџирањето на војната и на државната политика во Македонија, во 1999-2000 г.
Четвртото поглавје, го опишува избувнувањето на кризата во Македонија и причините за нејзиното избивање; албанското вооружено востание и појавувањето на Ослободителната Национална Армија (ОНА); договорот меѓу албанските политички и воени сили, во Призрен; исто така во ова поглавје детално се опишува и Албанско-Македонскиот договор во Охрид; како и улогата на Меѓународната заедница за постигнување на мирот во Македонија.
Оваа монографија ги обелоденува најновите настани во политичката историја кои се одвиваа во Република Македонија, за време на последната деценија на ХХ век. и залагањата за запишување на историјата врз научна база, во земја, како што е Република Македонија, каде Албанците имаат претензии да ја изградат својата иднината.
Добредојдена е секоја соработка, која е во интерес на историската наука. Отворен сум за другите научници од оваа област, кои располаљгаат знаења и аргументи за историското минато и за најновите настани во Република Македонија.
Со почит Авторот